Лидерот на ВМРО – Бугарското национално движење и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, го повика поранешниот премиер на Македонија во бегство, Никола Груевски на ТВ дуел за историското прашање.
Тој соопшти дека е подготвен да отиде и во Будимпешта, каде што е Груевски во моментов и да се соочи со него.
Очевидно политическите бежанци от 21 век разполагат с много свободно време. На спокойствие в хубавата Будапеща Никола…
Publiée par Красимир Каракачанов sur Mercredi 6 mai 2020
„Му предлагам на Груевски да го продолжиме нашиот дуел за историјата во живо. Подготвен сум да дојдам кога сака и каде сака и во Будимпешта ако треба и да се изјасниме засекогаш дали ВМРО е бугарска или античко-македонска. Исто така предлагам да има има и македонски и бугарски медиуми за да ја евидентираат нашата дебата. Јас се сголасувам Груевски да си ги покани и своите помошници, ако сака и историчари. Јас ќе бидам сам“, потенцира Каракачанов.