Доколку Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов. Kоментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски, Каракачанов рече дека неприфатливо е да се искористи Бугарија само за влез во Европската Унија.
– Македонскиот претседател Стево Пандаровски си дозволи да посочи дека меѓудржавниот Комитет за историски и образовни работи не мора да има краен рок за својата работа. Јас пак велам дека на 17 октомври Бугарија не треба да брза да даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија се додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата – рекол Каракачанов, пренесува БГНЕС.
Пендаровски неодамна рече дека Комисијата составена од историчари нема прогрес во својата работа изминативе месеци, заради тоа што бугарската страна инсистира на политички, а не на историски пристап.