Караџовски: Тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките

by fokus 13:32
13:32

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешната прес конференција заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека утре  се отвораат нови простории, во Институтот за јавно здравје, со што ќе се убрза процедурата за тестирање од Ковид-19.

-Отвораме нови простории утре наутро, уште едно приемно одделение и ќе ја убрзаме процедурата за земање на тестови. Па така редот од овие 20-30 луѓе што чекаат нема да го има утре.Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Луѓето грешат сите доаѓаат во 8 часот наутро и затоа се создаваат гужви, рече Караџовски.

На прашањето за тоа дали тестовите ќе ги има во продажба во аптеките, Караџовски истакна дека тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките, туку дека има точен протокол по кој се врши тестирањето и дека тој се почитува.

Поврзани новости