Караџовски со апел до родителите: Вакцинирајте ги децата, не правете геноцид

by Fokus

Според последните информации од здравствените власти има пет нови случаи на заболени со мали сипаници- морбили, со што бројот пораснал на 220 од прогласувањето на епидемијата пред месец и половина.

Седум новозаболени од мали сипаници се регистрирани во текот на последното деноноќие на Клиниката за инфективни болести, од кои тројца се примени на лекување, велат од Министерство за здравство.

„Од новопримените пациенти една 32-годишна жена од Сарај која била невакцинирана, потоа 1,5-годишно дете од Кисела Вода и уште едно 1,5-годишно дете. И децата биле невакцинирани. Во моментов на Клиниката се лекуваат 26 пациенти, од кои четворица возрасни и 22 се деца, од кои најмногу се деца на возраст под една година и на 1 година“, велат од Министерство за здравство.

Лекарите апелираат дека единствениот начин да запре ширењето на морбилите е вакцинирањето и препорачуваат не само децата, туку и родителите да се имунизираат.

-За да запре епидемијата 15-тина илјади деца кои не се вакцинирани треба да бидат. Има деца кои немаат имунитет, тие ќе бидат првите кои ќе заболат, порача д-р Жарко Караџовски и додаде дека со апстиненција од вакцинација се доведува здравјето на детето во огромен ризик.

-Со вашата немарност и залуденост од светските мрежи каде ќе најдете секакви податоци , се доведувате во ризик да заболите ако не сте имунизирани, децата се ни криви ни должни, немојте да направите геноцид на своето дете, порача Караџовски.

 

Поврзани новости