Караџовски повикан на распит во Обвинителство

by fokus

Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утринава е повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдуваат од таму за „Фокус“.

Караџовски треба да даде исказ во врска со додатоците на плати на членовите на Судскиот совет.

За потсетување во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари. Информацијата ја објави Синдикатот на УПОЗ.

По побјавите во медиумите, кон крајот на 2018 година, Обвинителството отвори предмет по допрен глас за додатоците. Како што тогаш соопшти обвинителството ќе се испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со законот за плати на членовите на судскиот совет

Поврзани новости