Караџовски не дозволи соочување со судиите пред новинари

by fokus 14:22
14:22

И покрај барањето на екс претседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова, седницата за разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите во Судскиот Совет да биде отворена за јавноста, тоа не беше дозволено, јави А1он.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски рече дека барањето е неосновано и дека секој кандидат кому не се допаѓа оценката може да поднесе претставка. На медиумите им беше кажано дека нема да има никакви изјави и да си заминат од објектот од Судскиот совет.

Неделкова, бара одговор од Судскиот совет зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190, со што е спуштена во оценувањето под противкандидатката Снежана Бајлозова која е  в.д. претседателка на Врховниот суд, и под врховниот судија  Јово Вангеловски.

Таа му порача на Караџовски дека доколку судството е транспарентно како што пропагира тогаш не треба да е проблем да присуствуваат и медиумите на седницата на Судскиот совет.

Поврзани новости