Караџовски: Можно е зголемување на бројот на заразени, но системот е изграден

by Фокус

Може да има зголемен број на случаи во идниот период, но системот е изграден и државата може да се справи и при таква ситуација, вели претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.

-Никој не може да каже што ќе се случи за месец два три, но цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот Ковид -19 слабее. Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние не можеме да држиме контрола. Ние кога имавме сто случаи дневно ситуацијата ја држевме под контрола, бидејќи имавме 1000 резервни кревети. Цел свет кажува дека вируленцијата на вирусот слабее. За неколку стотина проценти е намалена можноста за инфекција. Системот го имаме изградено, а кога го имаш него, знаеш како да се справиш – рече Караџовски.

Поврзани новости