Караџовски: Македонија е на врвот на епидемијата, во опција се сите мерки, па и целосно затворање на државата

by Fokus

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата Трилинг на 24 вести објаснува дека размислуваат за сите мерки вклучувајќи локално, регионално па дури и целосно затворање на државата.

„ Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме  карантин на целата територија – вели претседателот на Комисијата.

Тој за Трилинг открива дека  лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

„ Македонија е на врвот на епидемијата.  Македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа,  вели претседателот на Комисијата за заразни болести.

Поврзани новости