Караџовски: Лажна е веста за разрешување на стотина судии!

by fokus

Зоран Караџовски, претседателот на Судски совет, денеска изјави дека се лажни вестите што деновиве беа објавени во јавноста во врска со разрешување на стотина судии.

– Во врска со, јас ги нареков „лажните вести“, овие денови голем број судии и претседатели на судови се јавија во Судскиот совет да прашаат дали навистина ќе разрешуваме над сто судии. Тоа воопшто не е точно. Едно е претставка, а друго барање за разрешување, изјави Караџовски по завршување на првиот дел од седницата на Судскиот совет, што беше отворен за јавност.

Посочи дека до овој момент во Судскиот совет има вкупно 217 претставки и поплаки доставени од граѓаните и правни лица за работата на судиите или претседателите на судовите.

– Има вкупно пет барање за утврдување одговорност за судија доставени согласно Законот за судски совет, без разлика дали се поднесени во периодот додека постоеше Советот за утврдување на факти или во периодот после измената и дополнувањето на Законот за судски совет, рече Караџовски.

 

Поврзани новости