Караџовски: И во периодот меѓу првата и втората доза на вакцина може да се заразите со Ковид-19, затоа треба да се почитуваат мерките

by fokus

Граѓаните кои ќе примат вакцина против Ковид-19, во периодот од две до три недели по првата доза и исто толкав период по примање на втората доза, мора да ги почитуваат мерките за заштита бидејќи тие се ранливи на инфекција исто како и невакцинираните, предупреди денеска епидемиологот Жарко Караџовски.

-Секој може да се зарази во тој период од 7 до 8 недели, колку што е периодот од приемот на првата и втората доза и развојот на имунитет. Секој имунолошки систем е различен, но она што треба да се знае е да не се залажуваме дека по приемот на една доза не може да се заразиме. Дури и две-три недели по приемот на втората доза. Додека не помине тој период, исто како да не сме вакцинирани, рече Караџовски.

Тој повтори дека од почетокот на пандемијата кај нас има 116 случаи на повторна инфекција, односно граѓани кои по втор пат се заразиле со Ковид-19, од кои двајца починале.

Поврзани новости