Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешниот брифинг со новинарите посочи дека консензусот на целата комисија е на многу високо ниво и нема драстични разлики, а решенијата се носат на дневна основа. Во досегашното менаџирање на спроведувањето на тестирањето, како што кажа, сме едни од најдобро екипираните и организирани во моментов, затоа што по бројот на направени тестови сме втора земја. Пред нас е Словенија. Навлезени сме во зголемен број заболени лица, а врвот се очекува во следните две до три недели.
Комисијата за заразни болести, рече, има и други мерки на располагање, кои доколку ситуацијата отиде во полоша состојба и додаде дека се подготвени да предложат и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста. Додаде дека не е се исцрпени мерките што им стојат на располагање.