1K
Бројките на заболени од корона вирусот во нашата земја рапидно расте во изминатите неколку дена и тоа го вклучи алармот кај Комисијата за заразни болести.
Нејзиниот претседател, Жарко Караџоски, уште еднаш ги повика граѓаните на послушност, со цел да не се оптовари здравствениот систем.
„Не можат ни 500 доктори, 500 медицински сестри да помогнат. Не можеме да измислуваме нови епидемиолози. Дајте една мерка која сите можеме да ја спроведеме. Не по 200,300, туку можеме да одиме и до 1000 случаи на ден. Предлогот наш ќе биде да се спречи секакво групирање“, рече Караџоски.