Капитенот на Монако обвинет за сексуален напад

by Fokus

Французинот и капитен на Монако, Висам Бен Једер е обвинет заедно со неговиот помлад брат за сексуален напад пријавен од 19 и 20-годишни девојки.

Како што објави весникот „Ница-Матин“, тие ги обвинија браќата за напад на забава.

Бен Једер веќе имал проблеми бидејќи бил осуден на затвор за затајување данок.

Во Монако е од 2019 година, а минатата сезона напаѓачот постигна 25 гола на 43 натпревари.

Во текот на кариерата играше за Париз, Макаби, Тулуз и Севиља. Ги помина сите младински селекции на Франција, а за првиот тим одигра 19 натпревари и постигна три гола.

Поврзани новости