Капетанот на пристаништата на Македонија претепан пред хотел во Охрид

by Fokus

Капетанот на пристаништа на Македонија, Горан Устијаноски, завчера во Охрид бил физички нападнат од две лица.

Според полицијата, нападот се случил пред хотел во центарот на градот. Устијаноски е со повреди на лицето и телото, а нападот сам го пријавил во полиција.

„На 28.08.2022 во 14.00 часот во СВР Охрид, Г. У. (40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид“, соопшти МВР.

Поврзани новости