Кандидатот од СДСМ во Куманово го призна поразот, разлика од речиси 6.000 гласа

by fokus

Кандидатот на СДСМ во Куманово, Оливер Илиевски го призна поразот и победата на противкандидатот, актуелниот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски.

Според резултатите од СДСМ, Илиевски изгубил со речиси 6.000 гласа разлика, односно Илиевски добил 19.480 гласа, а Димитриевски 25.470 гласови.

– Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани од Куманово кои гласаа. Им честитам на победниците и им порачувам Куманово да го управуваат добро и да праавт инвестиции. Нашата програма им стои на располагање, изјави Илиевски.

Заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците Димитриевски најверојатно ќе има мнозинство и во Советот на општина Куманово со 17 советници.

Димитриевски вечерва најави голема прослава на плоштадот во Куманово.

Поврзани новости