Кандидатот на ТМОРО за Охрид со вегета против конкурентите

by fokus

Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид, го привлече вниманието на вечерашната дебата на ТВ 24 со кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – актуелниот градоначалник Костадин Георгиевски и пратеникот Кирил Пецаков.

Настапот на Цветковски привлече внимание поради неговата гардероба, со оглед дека дојде во студиото со маичка со 16-кракото сонце, додека како наметка носеше знаме со сонцето од Вергина.

Исто така, Цветковски донесе и вегета, што ја истури пред своите противкандидати, при што рече: „Да замезите со парите што ги лапате“.

Поврзани новости