Миле Петковски, кандидат за градоначалник на Aеродром од ТМРО, ја напушти дебатата на ТВ 24 со притивкнадидатите поради, како што рече, стрес и револт од инцидентот што му се случил претпладнево со автомобилот.
-Пред доаѓање ми беа избушени гумите на автомобилот, не стигнав да пријавам во полиција зошто доаѓав во емисијата, и ако ова е закана за мене и семејството и ако навистина претставувам проблем како кандидат за нашата општина тогаш јавно ќе се повлечам од оваа функција. Ова е мој протест од мене до сите кандидати и до политичката сцена кај нас – рече Петковски и се повлече од дебатата.
Тој порача дека е загрижен за безбедноста на своето семејство и затоа сака да го помине времето со нив, а останатите кандидати за градоначалници го осудија инцидентот и се оградија од него.