Канческа-Милевска: Не би дозволила никој да ме уценува, ниту имало пазар со Заев

by Fokus

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која гласаше за уставните измени, во изјава за медиумите по денешното рочиште за „Тендери“, изјави дека ниту била уценета, ниту имало пазар со премиерот Зоран Заев.

– Не би прифатила никаква, не би си дозволила никој да ме уцени ниту пак јас да уценам некого во однос на нешто што го сметам највисок државен интерес. Секој што ме познава, многу добро знае дека одлуки носам врз основа на сериозна анализа на состојбите, поготово во моментов една сериозна анализа за она што и е непходно на државата да продолжи напред и да се вклучиме во нешто што има национален консензус во нашата држава, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ. Затоа велам, уште еднаш ќе потенцирам не сум била уценета ниту пак ќе дозволам да бидам уценета за било што да ми се реши или да се стави во прашање за оваа моја одлука – изјави Канческа Милевска.

Поврзани новости