642
Жител на Канада доби шест месеци затворска казна бидејќи фатил стјуардеса за задникот на лет од Мексико до Мајами, пренесе NBC News.
50-годишникот беше осуден во федералниот суд во Мајами. Тој уште во октомври се изјасни за виновен за инцидентот што се случил на 8 август.
Инцидентот се случил во моментот кога стјуардеса на летот од мексиканскиот град Канкун до Мајами делела пакетчиња со грицки. Пакетот го оставила во скутот на Канаѓанецот бидејќи мислела дека спие, а кога се свртела, мажот ја фатил за бутовите и задникот, се вели во судските документи.