614
Официјалниот твитер-профил на Министерството за здравство на Квебек, најголемата покраина во Канада, сподели линк со несоодветна содржина.
Министерството на канадската покраина се извини откако случајно објави линк до популарниот порносајт PornHub наместо владина веб-страница со нови податоци за Ковид-19.
„На нашиот твитер-профил е објавен линк со несоодветна содржина. Ги бараме причините. Се извинуваме за непријатностите“, соопшти министерството.
Линкот имаше за цел да ги доведе корисниците до владината веб-страница што содржи статистика за ковид, но наместо тоа, ги испрати до видео 18+ на „Порнхаб“.