487
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека Канада и САД се согласиле да ги продолжат рестриктивните гранични мерки за уште 30 дена, до 21 јули.
– Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ние ја продолжуваме борбата против Ковид-19, посочи Трудо.
Канадско-американската граница требаше да биде отворена во април, но досега двапати се продолжени граничните мерки и пред најновата одлука важеа до 21 јуни.