Канадски војници тужат поради задолжителна вакцинација

by Fokus

Федералниот суд во Канада ќе ја разгледа тужбата поднесена од четворица припадници на канадските вооружени сили во врска со наредбата на Министерството за одбрана за задолжителна вакцинација против коронавирус, јави Си-Би-Ес.

Претходно, Министерството за одбрана издаде наредба со која се бара сите војници да се вакцинираат против коронавирус до крајот на ноември или да се соочат со дисциплински мерки, вклучително и отпуштање од армијата. Рокот подоцна беше продолжен до 18 декември.

Адвокатката на тужителите, Кетрин Кристенсен, рече дека иако Министерството за одбрана одобрило одбивање на вакцина од медицински, верски или хуманитарни причини, соодветните барања на нејзините клиенти биле одбиени.

Еден од тужителите, потполковник Ило Антонио Нери, напиша во изјавата дека „нема причина да се верува на тврдењата на владата дека вакцините против коронавирус се ефикасни и безбедни“.

Канадската влада, исто така, објави дека сите федерални службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот или ќе бидат ставени на неплатено отсуство.

Поврзани новости