Политичарот од Канада, Џон Рејес пред неколку дена објави фотографија на твитер од својата сопруга Синтија, на која се гледа како таа го чисти снегот пред нивната куќа.
Фотографијата предизвика низа реакции, откако се откри дека таа по 12 часа ноќна смена во болница, го чистела снегот пред влезот на нивниот дом.
Even after a 12 hour night shift at the hospital last night, my wife still has the energy to shovel the driveway. God bless her and all our frontliners. Time to make her some breakfast. 🙏🏽 pic.twitter.com/91vahySLqO
— Jon Reyes (@jonreyes204) January 8, 2022
„Дури и по ноќна смена од 12 часа во болница, мојата жена се уште има снага да го исчисти влезот. Бог нека ја благослови неа и сите медицински работници. Време е да и направам доручек“, напиша тој на својот Твитер-налог.