511
Рон Кари, милионер од Канада, загинал во сообраќајна незгода на собир на стари возила во Велика Британија.
Кари (80), инаку, е основач на нафтената компанија Џеј-ен-ел саплај и страстен колекционер на стари автомобили.
Во мигот на несреќата, тој со својот „Нокс“, стар 116 години, се судрил со друг автомобил, што, исто така, присуствувал на парадата Лондон – Брајтон. Како што објави „Дејли мејл“, во возилото била присутна и неговата сопруга Били, која има повреди во пределот на главата и е пренесена в болница.
Таа е во стабилна здравствена состојба. На парадата долга 60 милји секоја година присуствуваат стотици вљубеници во стари возила.