Канада: Во Квебек 120 училишта пријавија случаи на коронавирус

by Fokus

Само неколку дена по отворањето, во речиси 50 училишта во канадската провинција Квебек беа пријавени случаи на Ковид-19, а четири дена подоцна тројно се зголеми бројот на училишта во кои се регистрирани заразени со коронавирусот.

Според канадскиот весник Ла Прес, вкупно 120 училишта пријавиле случаи на Ковид-19.

Од овој број, случаите пријавени во 50 училишта се проверуваат, бидејќи информациите „не биле пренесени во согласност со утврдените правила“.

Сепак, 70 основни и средни училишта низ провинцијата имаат барем еден потврден случај на коронавирус.

Бројот на заразени расте низ цела Канада.

Главната канадска лекарка за јавно здравје, Тереза Там, вели дека бавното, но постојано зголемување на бројот на луѓе кои имаат позитивен тест за Ковид-19 е причина за загриженост.

Вкупно, 3.955 луѓе биле позитивни на тестот ширум Канада во изминатата недела, а 28 лица починале од последици на Ковид-19.

Ако се спореди со 3.044 позитивни тестови и 44 смртни случаи од претходната недела, се забележува зголемување од 25 проценти на нови случаи за само една недела.

Поврзани новости