836
Советодавното тело за имунизација на Канада се подготвува да испрати препорака вакцината на компанијата АстраЗенека да не се користи за имунизација на помлади од 55 години заради безбедносни причини, објави канадскиот јавен сервис Си-Би-Си.
Тој потег следи после извештаите за одредени случаи на негативни последици од вакцината АстраЗенека во Европа.
Британската агенција потсетува дека министерството за здравство на Канада минатата недела соопшти дека вакцината на АстраЗенека е безбедна и дека се препорачува нејзина употреба.