Канада ќе става предупредување на секоја цигара

by Fokus

Канада вели дека фотографиите и предупредувањата на кутиите веќе ја изгубиле својата шокантност и влијание па им треба поддршка, особено заради младите, иако таму само 4% млади пушат. Предлогот е на секоја цигара да има отпечатено „Отров во секое димче“.

Канада е подготвена да стане првата земја во светот која ќе инсистира предупредување да биде отпечатено на секоја цигара.

Велат дека експлицитните гадости кои ги има на кутиите веќе ја изгубиле шокантноста и ефектот па им треба поддршка.

“Poison in every puff” е еден од предлозите кој во иднина треба да стои испишано на секоја цигара под филтерот.

И предупредувањата на кутиите на цигарите, нешто што повторно Канада прва го смисли па потоа меѓународно се прошири, ќе добијат „освежување“ во фотографиите кои не се сменети десетина години а ќе бидат додадени и нови болештини како што е ректалниот канцер (едвај ја чекаме сликата), дијабетес или периферно васкуларно заболување.

Ваквите промени канадските здравствени авторитети ги објаснуваат со потребата пораката за штетноста за пушењето првенствено да допре до младите иако во таа земја, само 4% пушат од оние меѓу 15 и 19 години.

Во општата популација, само 10% Канаѓани се редовни пушачи но намерата е и таа бројка да се преполови до 2035 година.

Поврзани новости