575
Канада ќе го повика на разговор рускиот амбасадор поради убиствата на цивили во киевските предградија Буча и Ирпин, соопшти канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли.
– Она што го видовме во Буча е нехумано, изјави Жоли за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел, каде што се разговара за новите санкции против Русија.
Мелани Жоли му наложи на својот заменик да му ги покаже фотографиите од она што се случи во Буча и Ирпин на рускиот амбасадор во Канада, Олег Степанов.
На почетокот на оваа недела, Канада воведе санкции за девет руски и девет белоруски поединци „за олеснување и дозволување на кршење на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина“.