Канабис пица – хит меѓу туристите во Тајланд

by Fokus

Ланец на пицерии во Тајланд, во своите повеќе од 400 објекти, нуди пица чија главна состојка не се базира на сирење, домати или маслинки, туку на листови канабис.

Специјалитетот е создаден како брза реакција на релаксираните закони за дрога во Тајланд. Најновите законски измени дозволуваат контролирана употреба на канабис во храната и пијалоците.

Crazy Happy Pizza, чија основна состојка е сирење внесено со канабис во кората, со лист канабис внатре и уште еден голем лист како гарнир одозгора, и сецкан канабис во преливот, се продава за 15 долари.

За да бидеме сигурни дека нема забуна, активната состојка THC во канабисот речиси и да не постои, иако, по добар оброк, секој консумент на оваа пица ќе има добар сон.

Пица со вкус на канабис, иако не е наркотична, не се продава на лица помлади од 12 години.

Поврзани новости