„Зарем светот тивко ќе набљудува масакр и етничко чистење на муслиманите во Кашмир, како тоа што беше во Сребреница“, на Твитер наведе тој, а пренесе радио Слободна Европа.
„Сакам да ја предупредам меѓународната заедница, доколку дозволи тоа да се случи, дека ќе има сериозни последици и ќе предизвика реакции во муслиманскиот свет што го раздвижуваат радикализаицијата и циклусите на насилство“, додаде Кан.
РСЕ додава дека изјавата на пакистанскиот премиер следи откако Индија на 5 август го укина специјалниот уставен статус на Кашмир, во обид целосно да го интегрира единствениот регион со мнозинско муслиманско население.
Кашмир е под опсада повеќе од седум дена, со прекината мобилна и фиксна телефонија, интернет мрежи и ограничувања, како што е полицискиот час, со кој на луѓето им се забрануваат собири.
Индиските власти вчера соопштија дека ограничувањата се ублажени во регионот со хинду мнозинство Џаму.