Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа, порача пратеникот на СДСМ и кандидат за партиски лидер Венко Филипче.
„Надежта никогаш пократко не траела. Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме. Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта.
Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие. Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катаастрофа“, напиша Филипче на Фејсбук.