Кампања за корона вирусот: Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите!

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил постојано објавува препораки за тоа како граѓаните да се заштитат од корона вирусот. Тој ги повика сите креативци да се приклучат кон информативната кампања.

-Графичкиот активизам и поддршката на креативната заедница е многу важна во информативната кампања за COVID-19. Ги повикувам сите креативци кои сакаат и можат да помогнат во кампањата да го направат тоа. Сите официјални препораки и информации кои им се потребни ги има на овој линк кој редовоно ќе се ажурира.

КОРОНА ВИРУС

Ова е одличен пример за ваков активизам и изразувам благодарност до Teano Kardula која го изработи овој постер, напиша министерот Филипче на фејсбук.

Поврзани новости