Кампања: Купи тегла мед и помогни им на децата од „Медената земја“

by fokus

Тимот на документарниот филм „Медена земја“, кој триумфираше на фестивалот „Санденс“ во САД, спроведува кампања за собирање средства наменети за семејството што се појавува во филмот. Кампањата ги повикува граѓаните да купат тегла мед од „Медената земја“, а парите од продажбата ќе се искористат за образование на децата.

Се работи за осум деца од кои последното е родено на денот кога филмот беше премиерно прикажан на „Санденс“ фестивалот.

„Тие би биле пресреќни да ве запознаат, но се наоѓаат во „Медената земја“, место многу далеку, каде се поминува и ништо не е сигурно, ниту текот на водата во топлиот сончев ден,, ниту топол оброк во ладната зимска ноќ. Ти можеш да им помогнеш на овие осум деца – Мустафа, Музафер, Вели, Али, Алит, Гамзе, Љутвиш и бебето кое се уште нема име“, стои во повикот.

Поврзани новости