580
Товарно возило вчера попладне удрило во кабина за патарина кај Демир Капија, па веднаш избегало од местото на незгодата, пренесуваат од МВР.
„На 17.01.2021 во 13.20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, товарно возило удрило во кабина за наплата на патарина, по што го напуштило местото на незгодата. Извршен бил увид од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.