Грчки државјанин кој возел бугарски камион со приколка при контрола на автопатот кај Демир Капија, се обидел со 5 евра да поткупи полицаец. Веднаш бил приведен.
„Вечерва по 20 часот на наплатна рампа Демир Капија полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при регионалниот центар Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.
Г.К. кој управувал товарно возило марка сканија со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, од кој се добиени насоки лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино“, соопшти МВР