Камионџија-бомбаш се паркирал кај Капитол Хил

by fokus

Американската полиција проверува дали во возило кај Капитол Хил, седиштето на Конгресот во Вашингтон, е пронајден експлозив, јави Си-Ен-Ен.

-Ова е истрага за заканата со бомба – соопшти полицијата, додавајќи дека проверува сомнителен камион во близина на Конгресната библиотека.

Полицијата испратила преговарачи да разговараат со заканувачот, кој се наоѓа во камионот, наведе еден од изворите.

-Во тек е истрага. Ние внимателно ја следиме ситуацијата и ќе ги ажурираме информациите на овој налог кога ќе ги добиеме оние што можеме да ги објавиме – објави полицијата на Капитол Хил на Твитер.

Оваа неделава немаше закажана седници на Конгресот, но персоналот и натаму секојдневно оди во Капитол Хил.

Поврзани новости