Камионџиите во Канада ја блокираа границата со САД, во камионите има и деца

by Fokus

Камионџиите од Канада кои демонстрираат против ковид ограничувања делумно ја блокираа една од најпрометните граници кон САД. Сообраќајот на мостот Амбасадор, преку кој поминува 25% од целосната тргоивија меѓу Канада и САД, меѓу Детроит и Виндзор во Онтарио, е во целосен прекин за влез во Канада, додека пак во правец на САД се пропуштаат некои возила.

Повеќе од десет дена, ниту полицијата ниту локалните власти не можат да го спречат нередот којшто го предизвикуваат камионџиите од таканаречениот „Конвој на слободата“.

Полицијата во Отава, каде е прогласена вонредна состојба, соопшти дека е блокиран центарот на градот, запленети се илјадници литри гориво, но операцијата е многу ризична бидејќи една четвртина од демонстрантите во возилата се деца.

Присутна е екстремно десничарска реторика која ги загрижува властите, а демонстрантите велат дека блокадата ќе трае се додека се повлече правилото за задолжителна вакцинација за сите превозници кои сакаат да влезат во САД.

-Ние сакаме слобода, слобода по сите основи и за тоа се бориме. Ние сме Канаѓани и сакаме да бидеме слободни Канаѓани, вели еден камионџија. Слобода на избор, доста ни е од тиранијата, велат камионџиите и додаваат дека ќе останат колку што е потребно.

Откако судот во Отава им забрани да ги употребуваат сирените, сега „наоружани“ со тапани и вклучени мотори камионџиите турираа во место.

Од друга страна, жителите на Отава излегоа на протест бидејќи не се согласуваат со барањата на камионџиите. Според анкетите повеќе од 60% од Канаѓаните се против протестот. Канадскиот министер за вонредни состојби вели дека протестот е исполитизиран.

-Партиските организации како Канадскиот сојуз за камиони многу јасно стави до знаење дека демонстрациите во Отава не ги претставуваат канадските камионџии, па би требало да сметаме и на однапред планиран заговор, рече Бил Блер, министер за вонредни состојби.

Камионџиите со недели бараат оставка од премиерот Џастин Трудо, иако рестриктивните мерки ги воведоа локалните власти. Веќе поднесоа и барање до кралицата Елизабета Втора, да ги примора сојузните и локалните власти да ги укинат Ковид ограничувања. Велат дека барањата им се домократски и во рамките на Уставот. Премиерот Трудо пред парламентарците ги обвини камионџиите дека „се обидуваат да ја блокираат канадската економија и демократија“.

 

Поврзани новости