Камионџиите од Канада со огромен конвој против задолжителната вакцинација

by Fokus

По целодневното возење низ Канада, конвојот камиони стигна во Отава во знак на протест против задолжителното вакцинирање и мерките против Ковид-19.

Организаторите тврдат дека се работи за мирен протест, но полицијата не е баш сигурна дека нема да дојде до инциденти.

Од таа причина, премиерот Џастин Трудо и неговото семејство за време на протестот превезени се на тајна локација.

Протестот под називот „Конвој на слободата“ организиран е поради одредбата за задолжително вакцинирање за возачите на камиони кои ја преминуваат канадско-американската граница, која порано овој месец ја спроведе владата на премиерот Трудо.

Според неа, сите невакцинирани канадски возачи кои ќе ја преминат границата, при враќањето во земјата мора да поминат одреден период во изолација.

Поврзани новости