Камион влетал во колоната возила на албанскиот премиер Еди Рама

by fokus

Камион влетал во придружбата на албанскиот премиер Еди Рама, кој од Тирана патувал кон градот Берат.

Сообраќајната несреќа се случила во местото Гоша, во близина на Каваја. За среќа нема повредени, освен причинета материјална штета на возилата.

Веста прво на Фејсбук ја објави поранешниот албански премиер и претседател, демократот Сали Бериша по што доцна попладнево се огласија и од Националната гарда, чиј автомобил учествувал во сообраќајката, придружувајќи го Рама.

– Камион и го попречи патот на колоната возила во која се наоѓал премиерот Рама. Од придружбата не е направена никаква грешка во однос на правилата на движење, се наведува во кусото соопштение.

Ова не е првпат во сообраќајка да учествува придружбата на Рама.

На 27 ноември 2017 година два автомобила од придружбата учествуваа во сообраќајна несреќа на патот кон Корча при што беа повредени три лица.

Несреќата се случи кога такси возило влетало во придружбата на Рама. Како што беше пренесено, причина за несреќата била густата магла.

Рама од Тирана патуваше кон Корча, каде требаше да се одржи заедничка седница на албанската и косовската Влада.

Поврзани новости