Камион се преврте на патарината во изградба кај светиниколско Кадрифаково

by Fokus
фото Сител

Се преврте камион на патарината кај светниколското село Кадрифаково на автопатотот Штип-Миладиновци. Фотографија од превртениот камион ја испратиле возачи, кои транизитирале по автопатот.

На неа се гледа дека камионот удрил и се превртел токму меѓу наплатните пунктови.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета.

Патарините кај Кадрифаково и Преод во Општина Свети Николе, се во изградба, а според најавите на директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми требаше да бидат готови до крајот на март.

Поврзани новости