Камион прегази старец на мост во Старо Нагоричане

by Fokus

МВР информира дека вчера рано наутро, во 05.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на мост од река Пчиња, атар на с. Војник, општина Старо Нагоричане, товарно моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (65) од с. Петралица, општина Ранковце удрило во В.Т.(87) од с. Војник.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости