192
Камион вчера доцна попладне прегази маж на патот Свети Николе-Куманово.
Според информациите од МВР, несреќата се случила кога камион управуван од 75-годишен српски државјанин М.М. удрил во пешакот С.М. (47) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.