382
Камион удри во мало девојче во ромската населба под Панчевачкиот мост денеска околу 11:05 часот, пишува српски Блиц.
Несреќата се случила на улицата Вука Врчевиќ, во близина на Бетон база.
Како што пишува Блиц, детето В.К., останало без свест откако во него удрил товарен камион управуван од маж (44).
Како што се дознаваме, во девојката удрил камионот кој во таа прилика се движел наназад.
Возачот, според информациите, немал сообраќајни прекршоци во изминатите две години, а бил и негативен на алкотестот.
Дел од медиумите пишуваат дека детето имало само 17 месеци, додека Блиц пренесува дека се работи за 5-годишно дете.
За потсетување, три деца загинаа вчера во Србија – две во пожар кај Бачка Топола, а едно се удави во јама во Рогача, кај Сопот.