Камион-мешалка за бетон прегази велосипедист во Гостивар

by Fokus

Гостиварчанец почина денеска откако бил прегазен од товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон, информираа од полицијата. Идентитетот на настраданиот се уште не е познат.

Според СВР Тетово, околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, камионот мешалка бил управуван од 56-годишниот М.К. од гостиварско Беловиште, и удрил во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.

– Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

 

Поврзани новости