80
Четириесет и шестгодишен тетовчанец е полесно повреден во сообраќајка што вечерва се случила на автопатот Скопје-Тетово. Несреќата се случила во близина на селото Групчин, поради што сообраќајот беше во прекин.
„Товарно моторно возило ‘МАН’ со тетовски регистарски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубило контрола и излетало од коловозот. Возачот Ш.С. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од СВР Тетово.
Поради несреќата, од 19:45 часот сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово беше во прекин и се пренасочуваше кон регионалниот пат меѓу двата града.