Од опозициската партија денеска информираа дека се формирани 25 комисии на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе области на кои што примарна цел ќе биде да бидат коректор на власта и да даваат предлози истовремено и критики во однос на работењето и во однос на како треба да се подобри животниот стандард на граѓаните.
При тоа формирани се следните комисии:
• Комисија за енергетика каде претседател е професор Горан Чогеља.
• Комисија за спорт каде Претседател е пратеникот Трајче Димков.
• Комисија за животна средина и просторно планирање која ќе ја предводи професор др. Соња Лепиткова.
• Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство која ќе ја води др. Миле Јакимовски.
• Комисија за труд и социјална политика каде Претседателка е Слободанка Алексовска.
• Комисијата за финансии и монетарни прашања која ќе ја предводи екс министерот Кирил Миноски.
• Комисијата за економија и инвестиции предвидено е претседател да е Христијан Делев.
• Комисијата за туризам која ќе ја предводи Перо Петковски.
• Комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги претседател професор др. Орце Симов.
• Комисија за локална самоуправа која ќе ја предводи еден од најуспешните градоначалници, градоначалникот на Прилеп, господинот Марјан Ристески.
• Комисијата за верски и етнички прашања која ќе ја предводи Антонио Петков.
• Комисијата за семејни прашања и демографија каде Претседател е пратеникот Владимир Ѓорчев.
• Комисијата за политички систем ќе ја предводи професор др. Тања Каракамишева Јовановска.
• Комисијата за администрација ќе биде предводена од пратеничката Невенка Стаменковска.
• Комисијата за транспорт, градежништво и урбанизам ќе биде предводена од Синиша Ивановски.
• Комисијата за здравство – ќе ја предводи др. Виктор Камилоски.
• Комисијата за култура – која ќе ја предводи актерот Роберт Вељановски
• За претседател на Антикорупциска комисија – поставен е Тони Мекиноски.
Исто така, за нов претседател на Комисијата за кадровски прашања е избран Благоја Ташаминов.