Двогрбите камили Карло и Мираи, кои се од фамилијата Бактријан, добиле подмладок, информираат од скопската Зоолошка градина.
– Оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи, се роди на трети април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови.
Да ни е жива и здрава, ја споделија веста од ЗОО Скопје, објавувајќи неколку фотографии од младата камила (фото Горан Анастасовски).
Зоолошката подолг период немаше двогрби камили, се додека пред четири години не го најавија нивното доаѓање. Стануваше збор за Бактријан камили кои се донација од Чешка и Словенија, и за нив неколку месеци однапред се подготвуваше живеалиште.
Заедно со камилите, во јули 2020 година пристигнаа и три алпаки, исто така од Чешка.
Вики Клинчарова