70
Британската кралица Камила за здравјето на својот сопруг, кралот Чарлс Трети во саботата рекла дека кралот е добро, но дека не мирува и дека не ги следи советите.
75-годишниот крал неодамна им се врати на кралските должности откога Бакингемската палата на почетокот на февруари објави дека му бил дијагностициран рак додека бил на третман за зголемена простата.
Тие не открија детали за видот на ракот или фазата на болеста.
Инаку, оваа година е многу тешка за британското кралско семејство. Не само кралот има здравствени проблеми, туку и принцезата од Велс, идната кралица, на која исто така ѝ беше дијагностициран рак по операција на абдоменот.