Кралицата Камила (75) не сака да подлегне на одредена стилска навика и покрај тоа што е популарна во британското кралско семејство.
Иако е љубителка на накит и поседува завидна колекција, кралицата Камила никогаш во животот не сакала да си ги дупне ушите. Камила често може да ја видиме како носи обетки, но тоа се исклучиво обетки со клип, односно оние кои можат да се стават на увото со помош на копче/штипка.
– Сигурно нема да си ги дупнам ушите, никој нема да ме присили на тоа. До сега го одбивав тоа и сè уште go одбивам, сигурна сум дека нема да се предомислам сега на 75 години – рекла во интервјуто за „Вог“.
Имено, Камила наводно верува дека овој чин го „сквернави човечкото тело“.
Другите кралски дами, сепак, не го делат нејзиното мислење. Па така, принцeзата Кејт Мидлтон (40) и Меган Маркл (41), како и покојната кралица Елизабета Втора, имаа дупнати уши и се познати како големи обожавателки на класичните обетки.
Да потсетиме, откако стана кралица, се шпекулираше дека ќе укине една од кралските традиции – дворски дами. Тоа, наводно, ќе го направи како поддршка на својот сопруг, кралот Чарлс Трети (73), кој наводно планира да ја намали монархијата.