Камила го покажа домот: Стилски мебел и фотографии од свекрвата и свекорот!

by fokus

Камила Паркер Боулс го покажа заедничкиот дом со принцот Чарлс пред јавноста, откако објави фотографии на кои позира за време на средба со хуманитарки кои собирале финансии за добротворни цели.

По бурната врска со Чарлс, со кого стапи во брак во 2005 година, ова е една од ретките можности јавноста да го види домот во Лондон на познатиот пар.

Светол дневен престој со големи прозорци, уметнички слики на ѕидовите, стилски мебел, камин и кошница со дрва, но и голем број на семејни фотографии се забележуваат во домот на Камила и Чарлс.
Помеѓу врамените фотографии на синовите на Чарлс, Вилјам и Хари, нивните деца, можат да се забележат и фотографии од нивните венчавки, како и фотографии од кралицата Елизабета и принцот Филип.

Љубовта помеѓу Камила и Чарлс долги години го брануваше светот. Се запознале на почетокот на 70-те години, а по неколку години се разделиле. Подоцна и покрај тоа што и двајцата биле во брак и имале деца, ја обновиле врската.
Две години по смртта на Дијана, првата сопруга на Чарлс, во 1999 година, тој и Камила заедно почнаа да се појавуваат во јавност.

Неодамна кралицата Елизабета Втора изјави дека би сакала по нејзината смрт Камила да стане новата кралица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости